Грција отсекогаш била еден од најголемите и најсериозните економски партнери на Северна Македонија. Тоа, го изјави Мирослав Ризински, потпретседател на Бугарски културен клуб – Скопје (БККС), во емисијата „Во развој“ на Bloomberg TV Bulgaria со водечкиот новинар Николај Крстев. Грција е меѓу првите 3 најголеми странски инвеститори во банкарскиот сектор, текстилната и преработувачката индустрија во Северна Македонија, изјави Ризински.

„Грција има намера да се претвори во политички лидер на Балканот. Со потпишаниот договор Атина праќа пораки дека е сериозен партнер, дава позитивни сигнали за стабилност во регионот. Грција сака да стане реален и сериозен фактор во однос на влијанието во Северна Македонија „.

Тој коментираше и за одлуката на Грција да ја преземе заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија.

„Грција има сериозна армија и воздухопловни сили. Таа не само што ќе го штити небото над Северна Македонија, но Атина е одговорна и за небото над Црна Гора. Атина го проширува своето политичко, воено и економско влијание на поширокиот регион на Балканот“.

Со цел да се постигне стабилност во регионот, силите и интересите треба да бидат избалансирани, објасни гостинот.

Економските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија се движат во позитивна насока, коментираше Ризински.

„Во текот на изминатите две години, размената на стоки меѓу двете земји се зголеми, но треба да бидат направени и други стратешки потези од владата во Софија. Треба да се изгради првата трансбалканска брза железничка линија по линијата на коридорот 8, како дополнување на постојната. Таква линија која минува низ централните делови на двете земји ќе обедини се околу неа „.

Ризински, исто така, зборуваше за претстојните претседателски избори во Северна Македонија и за можните варијанти по гласањето. Тој соопшти дека на 13 април, во Скопје ќе бидат одбележани 11 години по создавањето на Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС), а на церемонијата до сега свое присуство потврдиле претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, бившиот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев, и бугарските европратеници Сергеј Станишев и Андреј Ковачев.

Целото интервју на Мирослав Ризински за Bloomberg TV Bulgaria може да го погледнете тука.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO