Рускиот претседател Владимир Путин ја посети новата фабрика на Daimler во Московската област, за да го набљудува процесот на монтирање на автомобилите и се потпиша на капакот на еден од новите „руски“ „Мерцедес“-и , пренесе РИА Новости.

Путин присуствуваше на официјалното отворање на првата фабрика за производство на Мерцедес-Бенц во Русија. Претседателот ја разгледа линијата која е монтирана на принципот на целосно флексибилно зглобување што овозможува истовремено производство на неколку автомобилски платформи на иста линија.

Шефот на државата покажа мала презентација за фабриката и можностите за производство. По тоа направи обиколка во фабриката.

На крајот на неговата обиколка Путин бил замолен да се потпише на еден од автомобилите, како резултат на што потписот на домаќинот на Кремљ остана на предниот капак на еден сосема нов „Мерцедес“.

Руските медиуми не коментираат дали овој автомобил ќе биде зачуван или пак продаден на луѓе кои сакаат да поседуваат предмети со потписот на Путин.

Проектната моќност на фабриката, чија изградба започна во 2017 година, е 25 000 автомобили годишно. Компанијата ќе вработи околу 1.000 квалификувани кадри.

Германскиот автогигант инвестираше околу 250 милиони евра во фабриката.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO