Партнерката во животот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Бети Базиана, jа искористи историската прва посета на премиерот на Грција во Северна Македонија, за да положи цвеќе на гробот на Зорба Гркот на гробиштата во Скопје, Бутел.

Базиана стави цвеќе на гробот на човекот, чија приказна е раскажана во романот на грчкиот писател Никос Казандзакис „Алексис Зорбас“.

Јоргос Зорбас, заедно со својата ќерка Екатерина, пристигнува во Скопје од Солун во 1922 година со воз, каде што живее до својата смрт во 1941 година. Погребан е во близина на Скопје, а подоцна неговите правнуци пренесуваат неговите останки во семејната гробница во Бутел.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO