Владата на Берлин се повеќе е загрижена поради показателите што укажуваат дека се приближува нова криза на германската економија, па затоа се труди да ги отстрани ризиците во време кога канцеларката Ангела Меркел влегува во последната година од нејзината политичка кариера, оценува „Блумберг“.

Иако Владата на Меркел јавно предвидува само „мало забавување, пред повторниот раст на економијата во текот на следната година“, сепак сите знаци укажуваат дека властите тајно се подготвуваат за потенцијално многу полоши последици. Посебно се загрижени лидерите кои се подготвуваат да го преземат „кормилото“ по заминувањето на Меркел, бидејќи стравуваат дека економскиот шок може да ја погоди земјата во текот на политичката транзиција, смета „Блумберг“.

Најјасен показател дека германската Влада е се понервозна е нејзиниот план за спас на „Дојче банк“ преку нејзино спојување со конкурентската „Комерцбанк“, смета уште „Блумберг“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO