Јапонија соопшти дека името на новата ера што ќе започне кога царот Акихито ќе отстапи кон крајот на месецов во корист на неговиот син Нарухито ќе биде „Реива“.

Името се состои од два збора: „Реј“, што може да има значења поврзани со „редот“ или „среќен“; и „Ва“, што обично се преведува како „мир“ или „хармонија“.

Премиерот Шинзо Абе, во националната обраќање, рече дека името значи оти културата се негува ако луѓе „убаво се грижат еден за друг“. 85 годишниот Акихито во 2017 година објави дека ќе се повлече на 30 април 2019 година, првото пензионирање во повеќе од два века во царското семејство за кое се смета дека е најстарото на светот.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO