Николаj Василев
Николаj Василев

Професорката Наташа Котлар, во материјал за сајтот Курир, го определи создавањето на заеднички комисии на Македонија со Бугарија и Грција како „најлоша форма на фашизам“.

„Академска историографија создава научна продукција, која потоа се преточува како синтеза во учебниците. Тие треба да помогнат во процесот на стекнување на знаења на помладите генерации, а не на нивно стекнување перцепции или пак грижа за нечии непријатни чувства (Габер и др.). Психологијата како наука се занимава со перцепциите и со чувствата! Историјата се занимава со проучување на причините и на последиците за настани и процеси во конкретно време. Оттука, работата на комисистите севернисти и преспанисти е директен атак на 74-годишна научна продукција во Република Македонија!“

Очигледно, поставувањето под сомнение на поголемиот дел од македонската научна продукција во текот на изминатите седум децении ги накрнува нејзините чувства.

Но ако се окаже дека со малку смели исклучоци 74-годишната научна продукција на Народна, Социјалистичка и за жал на Република Македонија не била објективно истражување, а серија од политички мотивирани манипулации? Не треба ли Република Северна Македонија да се ослободи од нив?

Не за да се угоди на некој, а да ги ослободи сопствените си граѓани од лаги и заблуди?

Науката, како што вели Котлар, не се интересира од ничии чувства. Од прв поглед се гледа, дека македонската научна продикција од тој период е во контраст со светската наука. Ова само по себе не е доказ дека таа е погрешна, а светската е вистинита. Не еднаш маргиналните научни теории се покажале како подобар инструмент за објаснување на она што го набљудуваме, отколку конвенционалната наука.

Но, Котлар не се впушта во одбрана на „македонската научна продукција“ со научни средства, а прибегнува кон политички.

Оние што ја оспоруваат „македонската научна продукција“, таа ги осудува како фашисти. Фашизмот (терминот со кој се злоупотребувало најмногу во последниве децении – сè што не ни се допаѓа е „фашизм“) е нешто лошо. Значи нема да ги разгледуваме научните аргументи на „фашистите“.

Само што Котлар се соочува со нерешлив проблем. Историјата е таква, каква што била. Ако „македонската научна продукција“ дава сложени и збркани објаснувања за настаните и процесите ( „Бугари“ не значело Бугари, македонските преродбеници немало како какви да се определат затоа се определувале како Бугари, Тодор Александров бил лош, затоа што се определувал како бугарин или добар, затоа што всушност не бил бугарин, некои биле во заблуда, имало многу предавници …) тогаш што и да пишува во учебниците, се повеќе Македонци ќе се посомневаат во нивната вистинитост. И тоа претставува криза на идентитетот.

Политиката не е наука. Таа е процес на донесување решенија. Северна Македонија треба да донесе политичко решение. Таа може да се окопае околу „научната продукција“ од последните 74 години и да го исклучува од пазувите на македонскиот народ секој „фашист“, кој не ги прифаќа догмите. Но, тоа сигурно ќе доведе до поделби и катастрофи. Или таа може да се обиде да ги расчисти манипулациите од тие 74 години.

Тоа меѓутоа никаоко нема да е лесно. Огромното мнозинство од Македонците се идентификуваат со македонската државност формирана во рамките на Југославија на крајот на Втората светска војна. Бугарските националисти бараат од Македонците безусловно да ја осудат таа „фалшлива“, „вештачка“ држава. За мнозинството од Македонците, како Котлар, тоа значи барање да се откажат од себе си.

Има ли излез?

Има, се разбира и тој е поврзан со научното објаснување.

Манипулациите на „македонската научна продукција“ треба да бидат разбрани во политичкиот контекст на настаните. Во 19 век предците на денешните граѓани на Северна Македонија сами откриваат бугарски цркви и училишта, а во војните (1912 – 1918 година) се борат за обединување со Бугарија. Кога тоа изгледало невозможно, биле подготвени на компромис. Автономна – подоцна независна Македонија, со „бугарска боја“ (како што Мисирков ги определува целите на „комитето“)

Но, сè завршува со пораз. По Втората балканска војна земјите на денешна Северна Македонија стануваат дел од Кралството Србија, а по 1918 година дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, прекрстено во 1929 година на Југославија.

На крајот на Втората светска војна, по волјата на Големите сили, Југославија беше возобновена. На ниту еден од народите не му е дадено право на избор. До 90-тите идејата за независна Хрватска беше определувана како „фашистичка“, а идејата за независна Македонија беше определувана од т.н. „Борци“ како идеја во услуга на „ванчовизмот“ и „бугарштината“.

През 1944 година изборот пред Македонија не е дали да се обедини со Бугарија, да изгради држава „со бугарска боја“, или во рамките на Југославија да се изгради „држава на македонскиот народ“. Изборот е да биде „држава на македонскиот народ“ во рамките на Југославија, или да биде дел од Србија во рамките на Југославија.

Комунистичкиот режим во првите години по војната е престапен и крвав. Нивните престапи немаат извинување!

Но и Бугари и Македонци треба да прифатиме дека решението за изградба на „држава на македонскиот народ“ во рамките на Југославија било правилно решение. Кодификацијата на македонскиот јазик на базата на западните бугарски дијалекти-исто.

Тие решенија нема како да оставанат без последици. Макар што власта користи брутални историски манипулации, за да создаде македонски идентитет, тој одамна е реалност.

Толку силна и сигурна, што Северна Македонија веќе нема потреба од овие манипулации. Напротив – ако некогаш тие беа спасителното лекарство за зачувување на она што е можно од локалната бугарска култура, денес тие се претвораат во смртоносен отров.

Бугарија нема да и помогне на Северна Македонија, ако се впушти во серија од триумфалистички изјави – како што се изрази претседателот на македонската делегација во заедничката комисија Драги Георгиев. Под негово раководство Државниот архив на Република Македонија издаде книга „Амнестираните илинденци 1904 година“, во која се прикажани отомански документи кои сведочат за бугарскиот карактер на востаниците. Очигледно во Македонија се прави и смислена „научна продукција“. Нужно е да пројавиме деликатност и внимание. Нужен е „висок пилотаж“, не елементарен национализам.

И најважното, потребно е време!

––––––––––––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА и ПРИОРИТЕТИ: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO