
Странските инвестиции во Албанија минатата година забележале историски рекорд и првпат ја надминува бројката од една милијарда евра. Последните податоци од Централна банка на Албанија покажуваат дека во 2018 година странските компании во албанската економија инвестирале 1 милијард и 21 милион евра, што претставува зголемување од 13,5 % во споредба со претходната година.
Поголемиот процент од странските инвестиции биле во четири сектори: енергија, рударството, недвижен имот и финансискиот сектор, додека помал процент се во прозводниот сектор. Од вкупните инвестиции, 467 милиони евра биле инвестирани во производство на енергија и гас, од кои повеќето доаѓаат од Трансјадранскот гасовод и каскадата на реката Девол.
Во областа на ископот на нафтата и руда биле инвестирани 171,1 милиони евра, додека во недвижен имот 115 милиони евра.
Странците купуваат се повеќе недвижнини во Албанија, особено во Тирана и крајбрежните области. Вложените 115 милони евра во недвижен имот претставуваат историски рекорд.
