Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе одржи многу важен состанок со членови на владата, кој би можел да ја реши иднината на проблематичниот процес Брегзит и нејзината судбина како премиерка. Таа ќе се сретне со високи министри, од кои некои наводно се обидуваат да ја отстранат од функцијата, за да одлучат за понуда на серија таканаречени „индикативни гласови“ во обид да го прекинат ќор-сокакот околу планираниот излез на Британија од ЕУ.

Индикативните гласови подоцна денеска треба да им бидат презентирани на пратениците во Долниот дом за да се утврди поддршката за различни опции на Брегзит.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO