„Во Брисел политичарите живеат во балон. Тие создадоа бриселската бирократска елита која го изгубила досега со реалноста“, рече Орбан пред јавното унгарско радио, соопшти европското издание на „Политико „.

Оваа изјава доаѓа само неколку дена откако Европската народна партија  одлучи да го замрзне членството на владејачката партија на Орбан – ФИДЕС од центриско-десничарската политичка група, поради критиката од страна на неговата влада во однос на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Кампања, лансирана од унгарската влада, го обвинува Брисел во поставување на миграционни политики кои ја загрозуваат безбедноста во Унгарија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO