Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул, која моментално е музеј, да ја преименува во џамија по локалните избори закажани за 31 март.

Византиската црква „Света Софија“ е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј. „Света Софија“ се наоѓа на списокот на светскoто културно наследство на Организацијата на Обединетите Нации за образование, култура и наука (УНЕСКО).

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO