Израелски воени авиони нанесоа удари на позиции на Хамас во Појасот Газа денес утрово како одговор на фрлените од палестинска страна експлозивни направи преку границата за време на немирите во саботата вечер, соопштува АФП.

Во меѓувреме, Министерството за здравство во Газа објави дека еден од повредените Палестинци во судирите со израелските безбедносни сили починал.

Палестинците фрлаа огромен број експлозивни направи преку границата со Израел. Експлозијата од една од бомбите активираше сирени за противвоздушна одбрана на „Железната купола“ во јужниот дел на земјата, соопштија од израелската армија.

Во моментов нема извештаи за жртви како резултат на воздушниот напад.

Министерството за здравство во Газа ја објави смртта на 24-годишниот Хабиб ал Масри, кој бил повреден во судирите со израелската армија. Не беа дадени никакви детали за тоа кога младиот човек настрадал. Во петокот двајца Палестинци беа убиени од страна на израелските безбедносни сили при разни погранични инциденти.

Во саботата, израелската армија започна два одделни воздушни напади врз разни групи во Газа, кои пуштале балони, полни со  експлозив преку границата кон Израел.

Израелските безбедносни сили во Газа убија најмалку 258 Палестинци за време на седмичните протести долж границата кои започнаа пред една година. Лидерот на Хамас Исмаил Ханија ги повика Палестинците кон протест – најмасовниот по границата до моментов, со кој да се одбележи годишнина од демонстрациите на 30 март.

Израел смета дека Хамас е одговорен за сите напади на територијата на Појасот Газа, кој е под контрола на исламистичката група од 2007 година.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO