Градоначалникот на Гостивар и секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во синоќешното гостување на „360 степени“ говореше за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 21 април.

„Ние сметаме дека господинот Блерим Река има реални шанси да влезе во вториот круг и да победи на овие избори. Тој се разликува од останатите кандидати, но луѓето се уште гласаат по партиски и етнички основ“, рече Таравари.

Запрашан за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, Таравари рече:

„Не можеме да поддржиме кандидат кој вели, не ни требаат албанските гласови. Ниту еден Албанец, но ние не можеме да ги телекомандуваме луѓето кои ќе гласаат за Блерим Река“, додаде Таравари.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO