Стотици илјади проевропски Британци од цела Велика Британија се собраа на протест во Лондон, соопштува АФП. Демонстрантите повикуваат на нов референдум за членство на Велика Британија во ЕУ, во услови на постојано продлабочување на политичката криза околу Брекзит.

Противниците на разводот меѓу Брисел и Лондон се собраа во реонот на Хајд парк пред маршот насловен „Остави на луѓето да одлучат“ да се упати кон резиденцијата на премиерот на „Даунинг стрит“ 10, а потоа кон владините згради во Вестминстер.

Протестот, кој е еден од најголемите во британскиот главен град во последните децении, се организира непосредно по самитот во Брисел на лидерите на ЕУ. На Европскиот совет во белгиската престолнина британскиот премиер доби дополнително време до 22 мај за Брекзит, но само под услови, зделката да биде изгласана во парламентот до 12 април.

Демонстрацијата, организирани од групата „Гласот на народот“, е слична на онаа што беше организирана минатиот октомври, што привлече скоро половина милион луѓе на улиците на британскиот главен град.

Премиерот Тереза ​​Меј веќе многупати ја отфрла идејата за одржување на втор референдум за Брекзит со образложение дека тоа ќе ги продлабочи поделбите во британското општество и ќе ги поткопа принципите на демократијата.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO