Со реализација на проектот „Паметен град“ Скопје ќе стане модерна престолнина, каде што основен двигател се напредните информатички технологии. Тоа подразбира систематски собирани, корисни информации, организирани во функционален систем којшто ќе го поедностави секојдневниот живот на скопјани, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на прес-конференција „ Smart cities- Градови на иднината“. Шилегов посочи дека крајна цел на проектот е граѓаните да добијат ефикасни и евтини јавни услуги, со целосен увид во перформансите на градската администрација.

„Работиме на воспоставување на концепт централен комунален сервис кој има цел да им овозможи на граѓаните простор каде што ќе можат да пријават проблем поврзан со комуналните услуги на градот Скопје и веднаш да добијат решение. Тоа вклучува функционални кол-центри, мобилни и веб апликации кои ќе овозможуваат редовни известувања за информации од комуналната сфера, плаќање комунални услуги и следење на статусот на решавање на пријавените проблеми“, рече Шилегов.

Неговата визија за Скопје има цел да обезбеди и модерно управување со паркинг-местата во надлежност на градот, дигитализација на градските паркинг-места, со централизиран систем на мониторинг и наплата, кои ќе ја зголемат ефикасноста на услугите за граѓаните е еден од клучните предуслови за тоа.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO