Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, формиран согласно обврските од Договорот од Преспа, денеска и утре во Скопје ќе го одржи вториот состанок. Од грчкото МНР соопштија дека заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, кој воедно е и на чело на комисијата од грчка страна, денеска и утре ќе престојува во Скопје, а ќе присуствува и на приемот што го организира грчката Канцеларија за врски по повод 25 Март, националниот празник на Грција.

И од македонска страна е потврдено дека денеска започнува дводневната средба на експертските тимови на двете држави.

Грчката делегација што учествува во комитетот ја сочинуваат професорите Спиридон Сфетас, Николаос Заикос, Иаковос Михаилидис, Атина Скуларики, Атанасиос Лубас и советникот од грчкото МНР, Ефтимиос Харлавтис.

Македонскиот тим го предводи амбасадорот Виктор Габер, а во негов состав се и професорите Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO