1907 година умира Михаил (Мише) Спиров Развигоров – револуционер на ВМОРО. Учи во Педагошкото училиште во Ќустендил и Казанлак. Во 1895 година станува учител во Штип и се приклучува кон револуционерната организација. За време на Виничката афера (1897 година) е уапсен и протеран во Мала Азија. По ослободувањето во 1902 година се враќа во Македонија и учествува во подготовката на Илинденското востание. По поразот на востанието, е штипски реонски војвода. Развигоров учествува во работата на Рилскиот конгрес на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) во 1905 годинаа. Неговата чета води тешка борба со турски војски во која Развигоров се самоубива, за да не падне во рацете на непријателот.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO