Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) предлага нејзиното ново име да гласи – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ. Предлогот е усвоен на денешната консултативна седница на која биле разгледани предлозите на Владата: Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ и Национална академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија
– МАНУ.

„По обемна и конструктивна дискусија се заклучи да се упати мислење до Владата на Република Северна Македонија според кое мнозинството членови на Академијата го претпочитуваат името Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ. Академијата
исто така истакнува дека таа не донесува одлука за преименување на Академијата, односно дека одлуката ќе ја донесе Владата на Република Северна Македонија, почитувајќи го утврдениот предлог на мнозинството членови на Академијата“, се наведува во соопштението.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO