Откако ВМРО-ДПМНЕ ја избра за свој претседателски кандидат, Гордана Силјановска -Давкова упорно негира поврзаност со фондацијата Сорос.

Веројатно тоа се должи на фактот што партијата која ја кандидира, ВМРО-ДПМНЕ, водеше хистерична кампања против Сорос и ги квалификуваше политичките опоненти со измислениот термин „Соросоиди“. Силјановска најпрвин тврдеше дека само користела имеил адреса на Сорос без никаква друга поврзаност.

Подоцна јавноста дозна дека била член на Управниот одбор на Сорос и нејзиното име сеуште стои на официјалната страница на Фондацијата отворено општество. Не можејќи да го скрие тој факт, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека била во УО на Сорос но не користела никакви средства од фондацијата. Меѓутоа фактите говорат дека Сорос, односно Фондацијата отворено општество, каде беше во УО има финансирано книга на Силјановска. Тоа е книгата Локална самоуправа од 2000 година на Гордана Силјановска-Давкова во коавторство со Владимир Митков.

Не се знае дали фондацијата има финансирано и други книги и проекти на Силјановска. Кандидатурата на Гордана Силјановска -Давкова ја става ВМРО-ДПМНЕ во незгодна позиција. Токму оваа партија го форнираше движењето „Стоп операција Сорос“ предводено од истакнати партиски функционери и активисти како Никола Србов, Цветин Чилиманов уредникот на Република, Ненад Мирчевски.

Овие лица засега се немаат изјаснето што нивната партија има кандидат кој е поврзан со Сорос. Поради ова и голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат бојкот на изборите.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO