Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека никој не е над законот и дека Косово има капацитет и храброст да се соочи со комплексните предизвици во зајакнувањето на владеењето на правото.

Харадинај го објави својот коментар на Фејсбук по денешната средба на високо ниво за владеење на правото, во која се дискутираше улогата на институциите на земјата и нивните дејства против неказнивоста.

„За да го отстраниме менталитетот дека некој е недопирлив, инвестираме во зајакнувањето на полицијата, обвинителството и судовите, менуваме и зајакнување законите и воведовме нови кривични политики за највисоките нивоа. Во следната фаза нашата главна цел за правниот систем ќе биде успешното завршување на сите откриени дела и ефикасна борба против неказнивоста, пишува Харадинај.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO