Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека сите опции се отворени во справувањето со кризата во Венецуела. Тој додаде дека САД би можеле да воведат многу построги санкции против режимот на претседателот Николас Мадуро доколку тоа биде потребно.

„Ги повикуваме војниците на Венецуела да престанат да го поддржуваат социјалистичкиот претседател Мадуро“, рече Трамп на заедничката прес конференција во Вашингтон со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро. Бразил и САД го поддржуваат опозицискиот лидер Хуан Гваидо кој повеќето западни земји го признаа за легитимен претседател на Венецуела.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO