На денешен ден навршуваат 104 години од Валандовката акција.

Валандовската акција е замислена првично како атентат – дигање во воздух на големиот железнички мост на реката Вардар кај станицата Удово. Целите на ВМОРО се неколку – да се прекине снабдувањето по линијата Солун – Скопје на српските единици кои војуваат со австро-унгарците, да се нанесе удар на српското присуство во Бојмијата, имајќи во редвид дека регионот е сметан за гнездо на бугарштината и пострадува силно од окупациските власти и на третото место со големата акција организацијата сака да ја принуди Србија кон поголема отстапчивост при решавањето на македонското прашање, бидејќи во тоа време Србија е притисната од сојузниците од Антантата да и ја отстапи на Бугарија барем беспорната зона, за да може Бугарија да се вмеша во војната на нивна страна.

Акцијата е доверена на војводите Ване Стојанов, Петар Чаулев, Љубомир Весов, Стефан Алабаков, Панајот Карамфилович, Тодор Петров, Никола Лефтеров, Туше Скачков и Христо Делчев. Кон нив се присоединува и една турска чета на чело со Хусеин Хаки беј.

Во 1915 година Павел Шатев соработува со Фуат беј, а Петар Чаулев со Чолак Ибрахим беј за заеднички бугарско-турски акции против Грција и Србија, вклучително за Валандовската акција.

Утрото на 20-ти март, околу 400 четници на организацијата, 600 бугарска милиција и турската чета наѓаат три укрепени пункта од српските единици- Валандово, Пирава и Удово. До 10 часот, борците на ВМОРО влегуваат во Валандово, додека борбите во Пирава и Удово продолжуваат до доцна во вечерните часови. Во судирите загинуваат 40 бугарски и турски четници и милиционери и 470 српски војници и 7 офицери, а уште 353 војници и 8 офицери се заробени.

Во Валандово, четите се пречекани со голем ентузијазам со развеани по куќите бугарски знамиња. Војводата Љубомир Весов на собраниот митинг објавува дека во градот е воспоставена бугарска власт и дека Македонија во најнаскоро ќе биде ослободена од српската власт. Ноќта на 21 март, вооружените формации на ВМОРО се повлекуваат.

Во врска со оваа акција на ВМОРО, српска ПОЛИТИКА на 22.05.2015 година објавува публикација под наслов ʺСеќавање на жртвите од Валандовското клањеʺ која во целост може да ја прочитате тука.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO