На денешната средба на лидерите на европските конзервативни партии трбеа да се одлучи да биде исклучена партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан од главната централно-десничарска група во ЕУ, по обвинувањата за авторитаризам.

Тринаесет членки на Европската народна партија (ЕНП) повикаа да се гласа за продолжувањето на членствотот на партијата Фидез, откако беа поставени билборди во Унгарија со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кој е член на ЕНП, како марионета манипулирана од американскиот милијардер Џорџ Сорос за олеснување на миграцијата во земјата.

Состанокот на ЕНП може да биде последен чин на долгогодишниот спор меѓу авторитарниот популист Орбан и проевропските партии во ЕНП кои го обвинуваат за непочитување на владеењето на правото.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO