Поранешниот претседател на Република Српска е осуден на доживотен затвор од страна на Меѓународниот трибунал во Хаг.

73-годишниот Радован Караџиќ е одговорен за најголемите воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина меѓу 1992-1995г. Тој е одговорен за геноцидот над 8.000 Босанци во Сребреница. Радован Караџиќ е обвинет и за злосторства против човештвото – прогонување, убиства и тортура, како и за нарушување на военото право при опсадата на Сараево.

Караџиќ беше близок со поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ, кој исто така беше изведен пред Меѓународниот трибунал во Хаг.

За време на српската агресија во Босна се убиени околу 100.000 луѓе беа убиени, се извршуваат многу злосторства – масовни и систематски силувања и прогонувања. Српскиот командант, Ратко Младиќ, се соочува со Хашкиот трибунал како директно одговорен за масакрот во Сребреница.

Долго време по завршувањето на војната, Ратко Младиќ и Радован Караџиќ се криеја во Србија. Караџиќ дури си го промени идентитетот – претставувајќи се како д-р Драган Дабиќ, пушта брада и долга коса, кои ја менуваат неговата надворешност. „Очигледно тој имал многу помагачи и симпатизери, кои секогаш го предупредувале за последниот обид за негово апсење“, вели Франц Лотар Алтман. Но, под силен притисок на ЕУ, тој беше уапсен во Белград 12 години подоцна, а подоцна и Ратко Младиќ беше уапсен.

На 24 март 2016 година Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија го осуди Радован Караџиќ на 40 години затвор. за злосторства извршени против човештвото, геноцид и опсадата на Сараево.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO