Српскиот претседател Александар Вучиќ е во еднодневна посета на Хановер за средба со премиерот на германската провинција Долна Саксонија Стефан Вајл, соопштува РТС.

Долна Саксонија е втора по големина федерална провинција во Германија, каде што главните индустрии се земјоделството, рударството и индустријата.

Во провинцијата се наоѓа и седиштето на компанијата Фолксваген, која според медиумите планира да направи голема инвестиција во некои земји од Југоисточна Европа.

Вучиќ вчера објави дека се очекуваат важни преговори во Хановер.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO