Доаѓа времето да се департизира и деполитизира општествениот живот во Република Северна Македонија. Така ги коментираше претстојните претседателски избори  Блерим Река, професор по право на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во предавањето „Светот е бизнис“ на Bloomberg TV Bulgaria со водителот Николај Крстев.

Пред две години Република Македонија беше една заробена држава која беше во приватна сопственост, управувана од еден човек, а не од закон, посочи Блерим Река. „Со парламентарните избори од 2016 година очекувавме дека оваа ситуација ќе се промени во една длабока политичка реформа во која ќе има вистинско владеење на правото. Гледаме дека, сепак, две години по промените кои се случија, се уште имаме политизирано судство , нереформирана државна администрација и Врховен суд, кој ги толкува законите. Треба уште да се работи за реализација на реформите, за да може Република Северна Македонија да биде вистинска република, во која да има владеење на правото „, додаде тој.

„Ако по овие избори земјата има претседател, кој е политички ориентиран или е од владејачкото парламентарно мнозинство, тогаш ќе имаме влијание на една гарнитура на сите институции во земјата, како што се владата, парламентот и претседателот. Следствено, од она што се плашам дека повторно може да биде приватизирана земјата, против кое се боревме пред две години „.

Премногу години беа изгубени во планот за договорот за пријателство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, коментира уште гостинот. „Овој договор требаше да се потпише многу порано, бидејќи Република Бугарија е една од првите пријателски земји што ја признаа Република Македонија по создавањето под нејзиното тогаш уставно име. Со влегувањето на Република Северна Македонија како 30-ти член на НАТО, мислам дека се стабилизира нашиот регион, бидејќи јужното крило на Алијансата ќе обезбеди поголема стабилност на Балканот „, појасни поранешниот амбасадор на Македонија во ЕУ.

„Во Република Северна Македонија се пресекуваат два важни меѓународни коридори 8 и 10. Коридорот 8 започнува од Драч во Албанија и завршува во Бургас, Бугарија, целта е да бидат поврзани Јадранското Море со Црното Море. Сметам дека и со тоа Република Северна Македонија ќе биде стожер на стабилноста и евроатлантската ориентација на Балканот „.

Се плашам дека ако на европските парламентарни избори во новиот парламент доминираат крајните и екстремни политички сили во ЕУ, процесот на проширување ќе се влоши и ќе навлезе во застој, рече Блерим Река. „ЕУ треба да има активна политика кон земјите од Западен Балкан, бидејќи ако тие не влезат во ЕУ побрзо, се плашам дека може да дојде до вакуум и да се вратат некои не-европски играчи. ЕУ треба да биде пофлексибилна, за да може да започне процесот на европска интеграција „, рече гостинот.

Целото интервју со Блерим Река може да го погледнете тука.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO