На 18 март се навршиjа 110 години од смртта на бугарскиот книжевник Кузман Шапкарев.

По тој повод во црквата „Св. Седмочисленици“ во Софија беше отслужена панихида, а потоа Бугарското здружение на родовите од Македонија поднесе цвеќе и венци на спомен плоча на преродбеникот.

Елисавета Шапкарева посочи дека денес е многу специјален ден, бидејќи е точно 110 години од смртта на Кузман Шапкарев, нејзиниот прадедо. На прашањето за тоа 110 години подоцна што уште можеме да кажеме за Кузман Шапкарев таа одговори вака: Многу е кажано за него, но секогаш можеме да кажеме дека тој бил за бугарштината во Македонија. Тоа се му и зборовите, речиси и на смртниот одар, дека сме Бугари и такви сакаме да останеме, туѓи кумови не сакаме да не прекрстуваат. И неговиот завет, кој свето се пази во нашето семејство: Еден Шапкарев никогаш не влегува низ задната врата.

„Тој секогаш беше многу отворен човек, многу чесен, скромен, но чесен и со тоа сме го запаметиле“, рече неговата внука.

Кузман Шапкарев е преродбенски книжевник, редовен член на Бугарското книжевно друштво. Роден е во Охрид во 1834 година. Во 1854 година, заедно со Јанаки Стрезов, отвораат приватно училиште. Работи како учител по грчки и бугарски јазик во Струга (1856 – 1859), Охрид (1859 – 1860), Прилеп (1861 – 1865, 1872 – 1873), Кукуш (1865 – 1872, 1881 – 1882), Битола (1873 – 1874 ). По ослободувањето се преселил во Пловдив. Неговиот најзначителен труд е Зборникот „Бугарски народни умотворения“ (ч. I – III, 1891 – 1894), кој содржи 1 300 песни, 280 приказни, описи на народни обичаи и облека. За целите на воспитно-образовната работа, објавува неколку наставни помагала. Автор е на вредни материјали за работата на браќата Миладиновци. Починал на 18 март 1909 година во Софија.

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO