Холандските обвинители кои го испрашуваат осомничениот за смртоносниот напад во трамвајот во Утрехт, кој е роден во Турција, велат дека досега не нашле врска меѓу осомничениот и жртвите. Во денешно сооопштение обвинителите велат дека се уште сериозно сметаат дека тероризмот е мотив за вчерашното пукање, делумно пради белешката пронајдена во возилото на Гокман Танис. Тие сепак велат дека семеен спор не може целосно да се исклучи како причина за инцидентот.

37-годишниот Танис беше уапсен на 18 март осум часа откако го изврши нападот. Други две лица исто така беа уапсени во врска со инцидентот, соопштија обвинителите.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO