Соработници на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо ја презедоа контролата врз три дипломатски објекти во САД, изјави претставникот на Гуаидо, Карлос Векио.

Опозицијата успеала да преземе контрола врз две згради кои му припаѓаат на венецуелското Министерство за одбрана во Вашингтон и врз една конзуларна зграда во Њујорк.

Во следните денови се очекува да се преземе контрола и врз венецуелската амбасада во Вашингтон, истакна Векио. „Презедовме такви чекори за да го зачуваме имотот на Венецуела во САД“, рече и Векио од едно од трите дипломатски претставништва, во кои од ѕидот е отстранета сликата на Николас Мадуро и поставена на Гуаидо. Минатата недела САД го повлекоа целиот дипломатски персонал од Венецуела.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO