Северна Македонија од оваа година се приклучува кон реализација на проектот „Европски креатори на културно наследство“. Проектот се реализира од 11 март до 14 мај 2019 година. Музејот на Република Северна Македонија ги повикува сите деца и млади луѓе од 12 до 18 години да го разгледаат и истражат наследството во својата околина и да ја раскажат својата приказна: „Она што започна како „Креатори на културно наследство“ во Финска во 2013 година и беше прифатено како прекугранична активност од 2014 година наваму, беше препознаено од страна на Собранието на Европските денови на културното наследство како иновативна и одржлива можност за активно ангажирање на најмладите. Децата и младите луѓе имаат клучна улога во иднината на заштитата и промовирањето на културното наследство и го претставуваат најзначајниот ресурс за креативни идеи и воопшто, за придонесот кон културата“, се вели во соопштението од Музејот.

ЕДКН го објавуваат и повикот за „Европска приказна за културното наследство“, наменет за возрасните граѓани на Европа. Повикот е отворен од 18 март 2019 година, а аплицирањето за учество со испраќање на приказна ќе трае до 18 април 2018 година. Повеќе информации за повикот може да се најдат на веб-страницата www.europeanheritagedays.com.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO