Поздравен е силниот напредок на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда, а добиено е и охрабрување пред јуни оваа година државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018-та година, е констатирано на денешната средба во Брисел на премиерот Зоран Заев со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Владината прес-служба соопшти, дека на средбата на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев ја изразил својата лична благодарност за одржувањето на Советот за Стабилизација и Асоцијација во вака значаен период за Република Северна Македонија.

“Учесниците на денешната средба во Брисел се согласија дека успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата на Република Северна Македонија. На средбата, исто така, беше истакнато дека сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси”, пише во соопштението.

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO