Турција повтори дека Иран се вклучил во воената операција против Курдските сепаратисти иако воени извори во Техеран демантираат било каква вмешаност. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека станува збор за прва таква операција и оти наскоро би следувале слични такви мисии.

Претходно министерот за одбрана Сулејман Шојлу изјави дека Турција заедно со Иран извеле прва заедничка операција. Веднаш потоа иранската полуофицијална новинска агенција Фарс јави дека турската армија демантирала оти била вклучена во операцијата.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO