Порталот Доказ денес ексклузивно објави докази кој стои зад тајното следење на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Според Доказ се работи за Синиша Алексовски советник за безбедност на Ѓорге Иванов. Доказ објавува и докази на кои се гледаат снимки од тајното следење на Стево Пендаровски.

Сликите биле сликани и препраќани од Синиша Алексовски на тајни профили на твитер со назив Апсаана и Мартиан. На овие профили се гледаат голем број објавувања со напади токму врз Стево Пендаровски.

На една од фотографиите на Доказ Синиша Алексовски е сликан со пиштол.

Порталот Доказ прв објави докази и за тајната служба на ВМРО-ДПМНЕ каде работеле вработени во МВР и Агенцијата за разузнување.

Синиша Алексовски исто така беше спомнат како дел од оваа тајна служба. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека ги има добиено материјалите од работата на параполицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

По објавувањето и на овие докази се очекува реакција на МВР.

 

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO