Гордана Силјановска -Давкова денес повторно предизвика шок за нејзините поддржувачи од ВМРО-ДПМНЕ.

Во објава на твитер таа ги нарече терористи обвинетите за „Крвавиот четврток“. Силјановска во кампањата излезе со слоганот за право и правда поради што веруваме дека и правилно го употребила зборот терористи.

Меѓутоа, за членовите на ВМРО-ДПМНЕ чиј кандидат е, осудените за насилството на „Крвавиот четврток“ и натаму се патриоти?! Се очекува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да реагираат на ваквата квалификација.

Претходно тие жестоко реагираа кога нејзиниот шеф на кабинет Жидас Даскаловски ги осквернави четирите свети букви ВМРО нарекувајќи го ЖМРО.

Даскаловски истотака ги навреди и членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои најавија бојкот кои ги нарече небањати.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO