
Дали Србија е на крстопат? Дали започнува да ја пишува својата нова историја? Дали апелите за промена на режимот на Александар Вучиќ влегуваат во многу посериозна фаза што ќе доведе до промени? Дали трпението на оние кои демонстрираа со месеци на ред од движењето „Еден од пет милиони“ полека се исцрпува по кардиналното решение да се влезе во зградата на државната српска телевизија со барањето да се вклучат директно во ефир и да му кажат на својот народ зошто демонстрираат, какви се нивните проблеми и што сакаат од владата?
Нема сомневање дека на улиците на Белград и останатите српски градови, врви едно притаено со години незадоволство што досега се контролираше успешно од медиумите под шапката на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Властите во Белград досега успеваа да ја обуздаат оваа река од протести преку целосно затемнување на медиумите. Државната српска телевизија, за која граѓаните секој месец плаќаат надомест од 2 евра, е под знамето на партијата на Вучиќ. И затоа ги затвора очите пред протестите на опозицијата. Таа дури и не ја прекрати нејзината програма, за директно да го пренесе обидот на опозицијата да ја штурмува нејзината зграда. Во исто време против лидерите на опозицијата се истури кофи со црна боја – тешки обвинувања и хистерични тиради за предавство, се нарекуваат мафијаши, крадци, разбојници, шпекуланти кои сакаат единствено да го заземат местото на Вучиќ.
Од друга страна, претседателот Вучиќ ја обиколува Србија и ветува решенија за сите проблеми. И тоа со една неорганизирана и нејасна пропагандна кампања, во која зборува колку направил за Србија, како таа се наоѓа пред вратите на Европа, и ветува дека ќе ја реши нерешливата косовска загатка и дека нема да поднесе оставка дури и милиони да излезат на протестите.
Од друга страна, опозицијата се обидува да се обедини, да најде формула за своите протести, да направи некаква програма, да најде нови движења и лидери кои ќе звучат убедливо и демократски. И тука, маѓепсаниот круг се затвора. Србите се збунети – знаат дека има некакви протести, но веднаш потоа од телевизискиот екран се појавува Вучиќ, кој има вели дека поранешни и пропаднати политичари кои ја изгубиле власта, сакаат да се вратат со сила на политичкиот фронт.
Важно е можеби би, дека Србија почнува да се буди од длабокиот зимски сон, во кој со години на ред ги сонуваше само ветувањата на Вучиќ. Важно е исто така, дека е направен обид да се слушне мислењето и на другата „Србија“, која повеќе не може да живее во политички илузии и да и ракоплеска на владата.
Српската опозиција, сепак, треба да е на јасно, дека против себе си има политичар како Вучиќ, чие влијание не може да се пренебрегне. Тој е одличен играч, на кого му се познати сите политички, финансиски и психолошки шеми и кој ги држи сите конци на властта во своите раце. Затоа на српската опозиција ќе и треба многу време и ќе и биде тешко тука во Србија, со сегашната распределба на политичките сили, да може да ја симне властта на улицата. Таа може само со протести – и тоа само ако се мирни, да го нацрта лицето на другата „Србија“, која не мисли како Вучиќ и неговите сателити – и тоа без хаос и анархија, без крвопролевање на улиците, без драми и хистерија. Важно е дека започна почетокот на крајот и дека има и макар далечна надеж за промени.
––––––––––––
Ели Јурукова, дописник на БГНЕС во Белград
