Србија води специјална војна против Косово како онаа во 1989-99 година

Ова го изјави заменик министерот за одбрана на Косово Бурим Рамадани пред в. „Газета експрес“ како коментар на зборовите на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ дека Србија ќе интервенира воено ако армијата на Косово се обиде да се распореди во северниот дел на земјата.

Шефот на српската дипломатија денеска изјави денес дека Србија ќе спроведе воена интервенција во северниот дел на Косово „во случај на обид на Косово да ги нападне Србите или да ја преземе фабриката Трепча“. „Тоа е специјална војна која се служи со дезинформација и е исклучително ефикасна. Наводите дека Косово ќе ги нападне сопствените граѓани се апсурдни и глупави во стилот на оние од 1990-тите „, рече Рамадани – заменик министерот за одбрана на Косово.

Рамадани истакна дека однесувањето на Белград не е изненадувачко, бидејќи, како што рече, во Србија, се на власт истите политичари кои владееле со земјата во 90-тите само што сега имаат нови улоги.

„Во крајна сметка, истите политичари кои владееја со Србија во 90-тите и сега се на власт. Само позициите се променети. Тогаш – како блиски соработници на Слободан Милошевиќ – Александар Вучиќ беше министер, а сега тој е претседател, а Ивица Дачиќ беше портпарол (на Милошевиќ), а сега е министер. За 10 години тие предизвикаа четири војни, геноцид, етничко чистење, масовно уништување, силувања и безброј масакри во Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Прешевската долина „, рече Рамадани.

Според него, слично на тогаш, Белград сега води специјална војна, за ги да обвини Албанците за евентуална напад, како што беше и со онаа од крајот на 1998 година во гостилницата „Панда“ во Пеќ, кога при сеуште нејасни околности беа убиени шестмина Срби.

„Газета експрес“ наведува дека Рамадани не дава конкретен одговор на прашањето дали армијата на Косово ќе испрати своите членови на север заедно со КФОР, но истакна дека „ќе соработува со меѓународните сили во сите околности кои можат да произлезат“.

в. „Газета експрес“ како коментар на зборовите на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ дека Србија ќе интервенира воено ако армијата на Косово се обиде да се распореди во северниот дел на земјата.

Шефот на српската дипломатија денеска изјави денес дека Србија ќе спроведе воена интервенција во северниот дел на Косово „во случај на обид на Косово да ги нападне Србите или да ја преземе фабриката Трепча“. „Тоа е специјална војна која се служи со дезинформација и е исклучително ефикасна. Наводите дека Косово ќе ги нападне сопствените граѓани се апсурдни и глупави во стилот на оние од 1990-тите „, рече Рамадани – заменик министерот за одбрана на Косово.

Рамадани истакна дека однесувањето на Белград не е изненадувачко, бидејќи, како што рече, во Србија, се на власт истите политичари кои владееле со земјата во 90-тите само што сега имаат нови улоги.

„Во крајна сметка, истите политичари кои владееја со Србија во 90-тите и сега се на власт. Само позициите се променети. Тогаш – како блиски соработници на Слободан Милошевиќ – Александар Вучиќ беше министер, а сега тој е претседател, а Ивица Дачиќ беше портпарол (на Милошевиќ), а сега е министер. За 10 години тие предизвикаа четири војни, геноцид, етничко чистење, масовно уништување, силувања и безброј масакри во Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Прешевската долина „, рече Рамадани.

Според него, слично на тогаш, Белград сега води специјална војна, за ги да обвини Албанците за евентуална напад, како што беше и со онаа од крајот на 1998 година во гостилницата „Панда“ во Пеќ, кога при сеуште нејасни околности беа убиени шестмина Срби.

„Газета експрес“ наведува дека Рамадани не дава конкретен одговор на прашањето дали армијата на Косово ќе испрати своите членови на север заедно со КФОР, но истакна дека „ќе соработува со меѓународните сили во сите околности кои можат да произлезат“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO