Северна Македонија може да биде еден од нашите основни сојузници во регионот, да се смета на Грција и да придонесе за тоа Грција да ја одигра својата улога во регионот, изјави поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу во интервју за емисијата „Фокус“ на грчката државна телевизија ЕРТ.

„Сметам дека Северна Македонија ќе биде еден од нашите основни сојузници во регионот. Таа ќе сака да смета на Грција во однос на нејзиниот курс, без оглед дали станува збор за европски, економска или во одбраната. И тоа ќе придонесе Грција да ја игра својата природна улога, да го повлече Западен Балкан кон Европската унија и, се разбира, да придонесе за поголема соработка на Балканот, бидејќи Балканот останува Балкан на многу теми и сеуште има сериозни прашања кои не се решени „, објаснува поранешниот грчки премиер.

Што се однесува до Договорот за Преспа, Јоргос Папандреу рече дека грчката влада, од една страна, донела храбро решение, но од друга страна ја критикува, бидејќи не работи „за постигнување на поширок консензус, кој е многу важен за секој договор „. Тој објасни дека во овој случај секоја од партиите ќе биде соочена со одговорност, особено „Нова демократија“, и додаде дека таа требаше да помогне во тековните преговори, но истакна дека сега е важно фокусот да биде на позитивните страни на договорот.

„Се надевам дека партиите нема да го користат, да злоупотребуваат со него, да го инструментализираат македонското прашање, како што беше случајот пред договорот, бидејќи всушност не било потребно прво да се разделат грчките луѓе, бидејќи тоа е уште полошо, бидејќи имаме многу големи проблеми на меѓународно и внатрешно ниво. Второ, треба да го искористиме договорот, позитивните работи во договорот за да ги намалиме потенцијалните негативни страни. Се разбира, ако нема иредентизам, сигурно ќе создадеме добри односи, но не само на ниво лидери, но и во економијата, во културата, во секојдневните контакти со граѓаните, во дипломатијата на граѓаните „, рече поранешниот грчки премиер во интервјуто за ЕРТ.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO