Барселона ќе му гостува на Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од четврт финалето на Лигата на шампионите и ќе биде домаќин на вториот натпревар, стана јасно во Нион. Првично, ждребката одреди Каталонците да бидат домаќини на првиот натпревар, но се наложи УЕФА да направи промена, бидејќи Манчестер Сити, исто така, треба да бидат гости во судирот со Тотенхем.

Според правилата, Манчестер Јунајтед е домаќин на првиот натпревар, бидејќи ʺЦрвените ѓаволиʺзавршија зад нивните соседи од Манчестер на крајот од минатата сезона.

Така, првиот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона ќе се одигра Олд Трафорд, а реваншот на Камп Ноу.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO