Во Кривичниот суд во Скопје, утре, 17 обвинети ќе ја чујат пресудата на судечкиот совет што го води судијката Добрила Кацарска за предметот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за настаните од 27 април.

За кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, на обвинетите им се заканува казна затвор од минимум 10 години затвор. По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO