Уапсени се седум лица за автобуската несреќа кај селото Ласкарци што се случи на 13 февруари и во која загинаа 15 патници. Осомничени за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, управителот на фирмата, возачот, три лица кои работеле во фирмата која правела технички преглед на автобусот и едно лица кое издавало потврда дека автобусот е исправен.

Како што кажа шефот на Основното јавно обвинителство Скопје Сашо Рајчев причина за сообраќајната несреќа е неисправност на кочниците на автобусот и брзината со која возел шоферот, а била над дозволената од 80 километри на час.

Сите седум лица се наоѓаат во полициска станица. Денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Обвинителството ќе бара мерка притвор за 6 лица односно за возачот, сопственикот и управителот на „Дурмо Турс“ и за лицата вработени во фирмата за технички преглед на автобусот. За лицето кога дало потврда за исправност на возилото ќе се бара мерка претпазливост.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO