Преку 180 телефонски броеви законски се прислушуваат. Ова го констатира парламентарната комисија за следење на спроведувањето на прислушувањето за време на првата посета во Оперативната-техничка агенција.

Парламентарната комисија спроведе само нормативно набљудување, односно имаше увид во барањата на институциите за следење, ги разгледа судските налози за спроведување на оваа мерка и архивираните документи.

Техничкиот аспект останува без мониторинг поради недостиг на технички експерти кои сè уште не се ангажирани. Поради тоа, парламентарната комисија не може да утврди дали ОТА евентуално посредува и при незаконско прислушување.

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO