Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писма до европските политичари кои побараа исклучување на неговата партија ФИДЕС од Европската народна партија, извинувајќи се за навредливиот јазик, но сепак ги задржува своите политички позиции,

Орбан го моли лидерот на фламанскиот христијан-демократи Ваутер Беке повторно да размисли за неговиот предлог за исклучување на ФИДЕС. Портпаролот на владата рече дека таквите писма биле испратени до сите 13 партии кои се обединија околу предлогот.

Поводот беше, владини билборди против претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и финансиерот Џорџ Сорос. Во нив се набројуваат наводни активности на ЕУ за олеснување на имиграцијата, како што се полесен пристап до визи или доделување пари на имигранти. Според Европската комисија, овие изјави се „теорија на заговор“. Брисел направи обид да ја негира кампањата.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO