Премиерот Зоран Заев рече во емисијата „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, дека власта ќе направи се претседателските избори да бидат кристално чисти и демократски. Додаде, дека нивниот кандидат е огромен фаворит и сакаат тој да победи. Фаворитската улога произлегува од тоа што Стево Пендаровски многу добро котира и кај Македонците, но и кај Албанците, Турците, Бошњаците и останатите етнички заедници во земјава.

Тој рече уште дека професорката Силјановска Давкова, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ,  не го почитува Уставот и тоа не е во ред од нејзина страна: ”Ние имаме нов Устав. Уставот е највисок правен акт што мора да го почитуваме да му се поклониме и готово. Тоа е тоа. Имало многу одлуки што ги носела државата, некому тие му се допаѓале многу, некому не, но тие треба да се почитуваат”, рече Заев.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO