Европскиот парламент усвои Резолуција за политичките односи меѓу ЕУ и Русија, со која, меѓу другото, се бара и запирање на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“. Резолуцијата предвидува и можност за проширување на санкциите кон руски граѓани, ограничување на пристапот на Русија до финансии и технологии, како и можност Русија повеќе да не биде сметана за стратешки партнер на ЕУ.

Во документот се наведува дела „ЕУ е должна да биде подготвена за воведување дополнителни санкции, вклучително и санкции кон поединци и ограничен пристап до финансии и технологии, доколку Русија продолжи да го крши меѓународното право“. Резолуцијата повикува и на можност за забрана за издавање визи и блокирање на смети и имоти на руски државјани на територијата на ЕУ.

Посебен дел во Резолуцијата е посветен на гасоводот „Северен поток 2“ за кој се оценува дека ќе ја зголеми зависноста на ЕУ од руски гас, дека го загрозува внатрешниот пазар на ЕУ и дека не е во согласност со енергетската политика и стратешките интерси на Унијата, поради што неговата изградба треба да биде запрена. „Во сегашни услови Русија попвеќе не може да се смета за стратешки партнер“ на ЕУ, бидејќи повеќе не се почитуваат одредбите од договорот за партнерство и соработка, поради што тој треба да биде преразгледан.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO