Чешкиот премиер Андреј Бабиш се обврза дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана на земјата до целта на НАТО од два % од БДП. Бабиш рече трошоците за одбрана се зголемуваат секоја година од 2015 и ќе продолжат да растат додека не се постигне целта. Чешка сега за одбрана троши 1,2 % од БДП.

„Главниот дел од работата се прави во земјите членки, во градење на нивните одбранбени способности, за да може да ги браниме членките на нашата Алијанса, ако бидат нападнати“, рече Бабиш.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO