Српската вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ денеска изјави дека повторно ќе ја отвори иницијативата до земјите во регионот да се формираат заеднички гранични премини со цел да се забрза протокот на сообраќајот меѓу земјите.

“Имаме сериозен проблем со чекање на границите и во летниот и во зимскиот период, бидејќи има се повеќе автомобили кои минуваат низ Србија. Само на Коридорот 10 минатата година помина 55 милиони возила, за 20 милиони повеќе од 2014 година, а оваа година очекуваме да поминат 60 милиони возила низ Србија”, изјави Михајловиќ и истакна дека така ќе биде со Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, но дека проблемот се земјите членки на Европската унија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO