Руското влијание во Албанија не е тајна, бидејќи Русија не е поддржувач на проширувањето на ЕУ, изјави албанскиот премиер Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање за време на заедничката прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев за информациите, според која албанската опозиција е поддржанa од Москва.

„Русија не е земја која јa поддржува ЕУ и проширувањето и природно да не го поддржи европскиот напредок на која и да е земја од Западен Балкан. Тоа не е тајна. Имаме национална програма, чија главна цел е да се обединиме со европското семејство „, рече Рама, цитиран од МИА.

Лидерот на главната опозициска партија, Демократската партија (ДС), Љуљзим Баша, пред тоа ги отфрли тврдењата дека обединетата опозиција била поддржана од Москва да ги напушти парламентарните мандати и да започне масовни антивладини протести.

Баша истакна дека оние кои шират такви измислици „се од времето на Енвер Хоџа“, додавајќи дека тој е „најпроевропскиот политичар, кој Албанија го имала до денес“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO