Во нова кампања на унгарска влада, која  ги промовира семејните вредности, има снимка на двојка, која стана хит на социјалните мрежи.

Билборд кампањата вклучува слика на млад прегрнат пар, навидум многу вљубен, што е во согласност со владината порака за традиционалните семејни вредности.

Но во двојката присуствува и кадар, на „расејаниот вљубен“, кој стартираше многу лајкови. Фотографијата е направена во 2015 година од шпанскиот фотограф Антонио Гијм и нејзиниот наслов на сајтот Shutter Stock е „нелојален маж, одејќи со својата девојка и изгледа избезумен од друга соблазнителна девојка „.

Унгарската влада е сериозно критикувана поради неодамнешните кампањи.

Минатиот месец Будимпешта почна кампања, финансирана од даночните обврзници, насочена против претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и американскиот бизнисмен со унгарско потекло Џорџ Сорос, обвинувајќи го Брисел во усвојување на миграциски планови кои се „закана за безбедноста на Унгарија“.

По негативната реакција, унгарската влада соопшти дека ќе ја прекине кампањата против Брисел на 15-ти март. Рекламите што го напаѓаа Јункер и Сорос се ‘уште се појавуваа на сајтот на ATV денес.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO