Започнува информативната кампања за кандидат-студенти од Република Северна Македонија за претстојната учебна година 2019/2020 година и обука на високите училишта и научни организации во Република Бугарија според ПМС 103 и ПМС 228. Ги информираме сите заинтересирани кандидат-студенти од Р. Северна Македонија кои сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија дека информацитивната кампања во Скопје ќе се одржи на 15 март 2019 година од 10.00 часот. во зградата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. На средбата, информации ќе обезбедат вработени во МОН, ДАБЧ и дипломати од Амбасадата во Скопје. Кандидат-студентите ќе имаат можност да се запознаат со условите за аплицирање согласно ПМС 103 и ПМС 228. На средбата на 15-ти март годинава во Амбасадата во Скопје, очекуваме претставници на некои од водечките универзитети во Бугарија, кои детално ќе ги претстават своите програми за обука. Кандидатите не треба да имаат документи за аплицирање.

Амбасада на Република Бугарија

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO