Заедничка вежба на АРМ и американската армија се реализира денеска на армискиот полигон Криволак. Мајор Горан Шутевски, заменик командант на Вториот баталјон во Првата бригада на нашата армија, информираше дека тие учествуваат со две минофрлачки одделенија од 120 милиметри. Вежбата беше со боева муниција. Тони Јаневски, портпарол на Генералштабот, појасни дека ова е вторпат сојузничките американски сили, кои во суштина се сили на мултинационалната бригада Исток, од силите на КФОР, да имаат вежбовни активности со боеви гаѓања.

„Отпочнуваме еден подинамичен план за користење на армискиот полигон Криволак за ваков вид на вежби, што во суштина се состоеја од артилериски гаѓања и од гаѓање од воздухоплови, со хеликоптери од типот „ух 40“, со што ние се потврдуваме како партнери, дека можеме како рамноправни партнери и идни членки на НАТО да учествуваме во ваков тип на поддршка на вежбовните активности на сојузиничките сили, во случајот тоа е армијата на САД,“ рече Јаневски.

На прес конференција, претставниците од КФОР, Рој Макараег и Зоран Јанковиќ, изразија задоволство од самата вежба и соработката, како и од подготвеноста на двете армии за вакви и слични воени предизвици. Остатокот од вежбата е самостојна изведба на САД и ќе трае до 23 март.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO