Државите членки на ЕУ се подготвени да разгледаат евентуално барање на Велика Британија за одлагање на британското истапување од Унијата, изјави вечерва портпарол на Европската комисија, откако Долниот дом на Парламентот во Лондон вторпат го отфрли Договорот за Брегзит.

„Ако има основано барање од Велика Британија за одлагање на Брегзит, 27-те држави членки на ЕУ ќе бидат подготвени да го разгледаат и да донесат едногласна одлука“, рече портпаролот.

Долниот дом на британскиот Парламент вечерва со 391 глас „против“ и 242 гласа „за“ вторпат го отфрли Договорот за Брегзит, што претставува нов тежок удар за обидите на премиерката Тереза Меј за регулирано истапување на Велика Британија од ЕУ.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO